Centar.mk
ЛОКАЛНО

Администрацијата на Паркови и зеленило го чистеше Паркот на прироодата Гази Баба

По повод 5ти јуни, Меѓународниот ден на животната средина, денеска административните службеници заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило Сефи Шабани, спроведоа акција за чистење во Паркот на природата Гази Баба. Оваа акција се реализираше под мотото – Да го промениме светот, почнувајќи од својата животна средина.

Денешната акција за чистење на паркот од смет и отпадоци е само дел од заложбата на ЈП Паркови и зеленило за чиста и здрава животна околина, како и за зголемување на свеста на сите посетители во парковите низ градот. Во рамките на акцијата се уреди просторот кај ливадата, покрај Природно-математичкиот факутет, шумската патека и преостанатото зеленило во паркот.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.