23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возило излетало на автопатот Гостивар -Тетово, две лица тешко повредени

Вчера, во 17.45 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, пред Тумчевишка Петла, патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. С. С. (41) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот Д. С., а М. С. С. и уште една сопатничка добиле телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +