Денеска (02.06.2023) околу 12.30 часот на автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано „Криви Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота лендкрузер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(29) од Кочани и „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(44) од Скопје.
На местото на несреќата починалe В.З.(62) од Кочани и малолетна сопатничка од возилото „шевролет“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Двајцата возачи, Д.Х.(34), сопатник во возилото „тојота“, С.М.(37) и уште еден малолетен сопатник од возилото „шевролет“ биле пренесени за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип, каде што и С.М. им подлегнала на повредите. Увид изврши увидна екипа од СВР Штип.