Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува децата во политички цели со беџови со мртовечки глави и песни за Александров

„Вчера градинка од општина Аеродром организираше настан во парк, каде што деца од пет години носеа беџови со мртовечка глава и слшаа песна за Тодор Александров и скандираа ‘Смрт или слобода’. Внесувањето политика во училиштата и градинките за мене е несфатлива работа“ рече пратникот Ненад Коциќ од СДСМ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека управниот одбор на градинката донел одлука ваквиот настан да не се одржи, но тоа сепак се спровело.

„На деца од пет години да им се ставаат беџови со мртовечка глава, освен што е политизирање на деца е и поттикнување на насилство. Ако управниот одбор донел одлука да не се спроведува таа активност, а таа се одржала, тогаш тоа е класична злоупотреба на децата. Политизирање на децата и стимулирање на насилство е неприфатливо“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ истакна дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ застанало во времето на Никола Груевски и ја покажуваат истата, непроменета матрица.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија на ул. Јордан Мијалков – Пронајден починат 48 годишен скопјанец, познат идентитетот – наредена обдукција

ДЕСК

Ужас во Скопје -Уапсен маж кој силувал малолетничка

ДЕСК

НАГЛО ЗАКОЧИЛ ВОЗАЧ НА АВТОБУС НА ЈСП: 12 годишно момче тешко повредено

ДЕСК