Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Прогноза за 02.06.2023
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 29°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 03.06.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Прогноза за 04.06.2023
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.