25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бесими: Фискална одржливост и прудентни јавни финансии клучни за економски раст во услови на криза

Фискална одржливост и прудентни јавни финансии, во услови на криза, со каква што се соочуваме во моментов, се клучен услов за економски раст и обезбедување просперитетна иднина за сегашните и идните генерации. Во таа насока клучни се спроведувањето кохерентни, интегрирани и одржливи политики. Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими на Самит на гувернери и министри за финасии и директори на даночни управи во регионот во Бечиќи, Црна Гора. „Финансиска и монетарна стабилност на регионот, во време на неизвесност на прологирана геополичка и економска криза“.

„Кризата не исправи пред голема неизвесност, борејќи се на повеќе фронтови. Справување со предизвиците и истовреено опстојување на реформската агенда којашто ќе не врати на патеките на економски раст од пред пандемијата. Во такви услови домашната економија покажа голема отпорност на последователните шокови предизвикани од глобални фактори. Навремената респонзивност на фискалната политика, преку брза реакција, широка лепеза антикризни мерки и значителен фискален стимул, во континуитет во голема мера го ограничија влијанието на овие шокови. Уште на самиот почеток од кризата, како продолжување на мерките за поддршка и закрепнување во периодот и по пандемијата, Владата навремено реагираше, со цел да се забави преносниот ефект од увезената инфлација и да се обезбеди целосно и стабилно снабдување со електрична енергија, и избегнување на ценовни шокови. Мерките беа таргетирани кон ранливите категории на граѓани и фирми погодени од кризата, а како главни цели ги имаа заштитата на животниот стандард, одржувањето на ликвидноста на компаниите и поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за да се обезбеди енергетска стабилност на долг рок и основа за одржливи стапки на економски рат на среден рок“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека тоа ќе се постигне со стабилизирање на инфлацијата и со забрзаната реализација на капитални проекти и многу посилен акцент на имплементација на структурните реформи.

„Позитивен поттик на економскиот раст ќе дадат планираните јавни капитални инвестиции кои оваа година се на историски највисоко ниво од 800 милиони евра. Започнати се повеќе клучни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура и слично. И покрај тесниот фискален простор, продолжува и фискалната консолидација со намалување на буџетскиот дефицит, оптимизирање на трошоците на одделните извори на негово финансирање и негово целосно насочување кон финансирање на инвестициските проекти“, посочи министерот.

На панел дискусијата министерот потеницра дека нашата земја, како и земјите од регионот во целиот овој период на криза не отстапуваат од она што е заеднички пат на сите, станување дел од ЕУ.

„Патот на РС Македонија како и на останатите земји од регионот води кон ЕУ. Нема друга алтернатива и тоа го покажуваме и докажуваме на секој начин. Нашата цел е да создадеме просперитетна иднина за сегашните и идните генерации, а особено за младите во нашата земја. Оттука, квалитетот на живот треба континуирано да се подобрува и тоа ќе биде главниот индикатор за реалната (економска) конвергенција кон ЕУ. Од тој аспект, пристапниот процес е исклучително важен за подигнување на институционалните капацитети и транспонирање на современото европско наднационално законодавство. Само со спроведување на кохерентни, интегрирани и одржливи политики кои го поттикнуваат одржливиот развој ќе можеме да ја донесеме Европа дома. РС Македонија од минатата година ги почна преговорите и тоа дава забрзана динамика на процесите и на реформите и побрзо постигнување на резултатите“, наведе министерот за финансии Фатмир Бесими.

Министерот се обрати на панел дискусија на тема „Здрави јавни финансии – клучeн услов за економски раст и градење модерен економски пазар во услови на пролонгирана геополитичка несигурност“, на која учествуваа министри за финансии од регионот.