27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

РКЕ СО ОДЛУКА: Повторно зголемување на цените на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 22.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,835%, кај дизелот за 0,204%, кај екстра лесното масло за 0,388% и кај мазутот зголемувањето е за 1,403%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,54%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети.
Од 27.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 69,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 67,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС​​​​​​​​ 39,433 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.