14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не демантира, дали уставните измени, опфаќаат бинационална држава?

Ковачевски се уште молчи и не ги демантира информациите, дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема демант дали Ковачевски и Ахмети договараат редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава, во која ќе постојат два народи, неколку етнички заедници, кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато, кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис, да бидат малцинство.

Јасна е концесијата која Ковачевски ја има кон ДУИ, од каде добива финансиски надокнади, но треба да издржи уште само неколку месеци, да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет“ велат од партијата.

Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава и ќе направи се, за да го поврати продадениот македонски идентитет од страна на СДС и ДУИ, порачаа од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +