14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со сочуство за смртта на Ферус Мустафов

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Со голема тага ја примив веста за смртта за најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист, кралот на ромската музика, почитуван и сакан син, брат, сопруг, татко, дедо, колега и пријател ФЕРУС МУСТАФОВ.

Што и да се каже за овој наш виртуоз би било премалку и не би можело да го опфати целиот негов досегашен животен опус полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот бидејќи него го нарекуваа “кралот на саксофонот” и така беше препознаен од сите.

Дозволете ми од мое лично име и од името на Министерството за внатрешни работи, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријателите.

Нека му е вечен споменот! Слава му!

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.