27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник, кој утрово избегал од затвор каде издржувал 13-годишна казна

Денеска (20.05.2023) во 09.13 часот на ул.„Благоја Стефковски“ на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Специјален тим при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(48) од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во казино на ул.„Благоја Стефковски“. Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна од 13 години и шест месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 396 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и осум месеци.

При лишувањето полициските службеници испукале еден предупредувачки куршум. Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол „Чешка зброевка“ калибар 9 мм со муниција. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК