27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Висина на субвенции во ЛОЗАРСТВОТО за 2023 година

Институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.

На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ
НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА

Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и за дополнителните субвенции за остварено производство на грозје.

1.12. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2022 година,
-Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар за сите лозови насади и
-Висината на поддршката од алинејата 3 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.

1.13. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 1.12 од оваа уредба, а оствареното производство на грозје е предадено на регистриран откупувач вклучително и произведеното грозје за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или производството е користено за домашни потреби или е продадено на пазар,
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 28.000 денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинејата 2 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.

извор Агротим