22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уставните судии на средба со потпретседателот на Европскиот парламент – во фокусот работата и недостатоците во судот

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, заедно со сите судии, оствари средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент.

На средбата се дискутира за актуелните предизвици, како што е неизбирањето уште двајца уставни судии од страна на Собранието, начинот на работа во Уставниот суд од почетната фаза на поднесување иницијативи и барања до изнесување на предметите на седници за дискусија и гласање.

Меѓу другото, беше споделена и информацијата дека е намалено просечното времетраење на постапките пред судот од девет на четири месеци.

Претседателката Кацарска преку примери ги посочи недостатоците што се појавија поради непотполнувањето на составот на судот, кој во моментот изнесува 7 наместо 9 судии, како што предвидува Уставот.

На средбата беше истакната и потребата од воведување уставна тужба, која ќе ги зголеми можностите на граѓаните за секое право предвидено со Уставот да побараат заштита од Уставниот суд.

„Што се однесува до потребата од воведување на уставната тужба, пожелно е граѓаните овде да ја исцрпат последната можност, пред да се изложат на трошоци пред Судот во Стразбур, каде што се обраќаат незадоволни од домашните судови“, рече Кацарска.

Европратеникот Вилант се интересира за причините зошто Уставниот суд не е во целосен состав и за последиците од овој проблем, како што се ситуациите во кои остануваат нерешени предмети поради недобиеното мнозинство гласови, како и за видот на иницијативи што се поднесуваат до судот.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК