Полицијата приведе тројца македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територијата на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава – ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејства.
„Во изминатиот период, лицата О. С. (28), Р. С. (33) и М. Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територијата на Република Северна Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Северна Македонија. Постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О. С. и Р. С., каде што се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди, кои може да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.