2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи од Мајевица: ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање и враќање во нормала на животот на луѓето

Во улога на Претседавач со ОБСЕ, министерот Бујар Османи денеска на Центарот за отстранување на мини на БиХ донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995.

Овие специјализирани возила се донација на германската влада и показател дека ОБСЕ обезбедува поддршка, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и меѓународните партнери.

Целосно расчистување на територијата од мини е планирано до 2024 година, а донацијата ќе биде од голема важност за да се заврши процесот, како за околното население, така и за деминерите кои работат на терен.

„Постигнувањето на оваа цел е од клучно значење, за луѓето од овој регион да можат да живеат нормално. Со ова испраќаме важна порака дека Мисијата е овде токму ‘за луѓето’, бидејќи тие ја бараат нашата поддршка. Овде не станува збор само за Мајевица, туку испраќаме силна порака за критичната важност и вредноста на мирот“, рече Османи при посетата.

Тој додаде дека Мајевица е еден од ретките примери во БиХ каде општините преземаат конкретни чекори кон помирување. Благодарение на поддршката на Мисијата за унапредување на соработката меѓу општините, градоначалниците на пет општини во Мајевица покажаа големо лидерство и се здружија за да работат заеднички за доброто на своите граѓани.

„Нивните постапки и вредности совршено се усогласуваат со оние на нашето претседавање со ОБСЕ, а тоа е ‘За луѓето се работи’“, истакна Османи за време на посетата.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +