САД остануваат најважниот и најголем сојузник на нашата држава.
Потврда за тоа е и полседната посета на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на САД и бројните средби со претставници од државниот врв.
На средбите со Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, со, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, со специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, како и со повеќе сенатори и конгресмени недвојбена беше поддршката што Македонија ја добива од САД.
Заеднички беше заклучено дека САД серионо го ценат придонесот на Северна Македонија и ја сметаат како силен НАТО сојузник, упатувајќи порака дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори на обезбедување членство во ЕУ.
Американскиот државен врв го поздрави и лидерството на Северна Македонија во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и успешното претседавањето со ОБСЕ, во време кога на европскиот континент беснее војна.
Сето тоа е потврда за успешните државнички политики на СДСМ и претседателот Ковачевски и мотив плус, соработката со стратешкиот партнер САД, дополнително да се интензивира.