Официјални делегации на Левица, предводени од пратеникот Борислав Крмов, Јована Мојсоска генерален секретар, портпаролот Амар Мециновиќ, Александар Симонов (Секторот за надворешна политика), Весна Кираџива (АФЖ на Левица) и Тони Димитров (Сектор култура), положија цвеќе пред спомениците на борците против фашизмот кај „Партизанските гробишта“ Бутел, споменикот „Ослободители на Скопје“ пред владата и споменикот „9 мај“ во Центар.
Македонскиот народ низ историјата трпел бројни неправди, злодела, притисоци, насилства, поделби и окупации – но, никогаш не дозволил да биде скршен неговиот дух за национална и социјална слобода. Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци!
ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!