Обединетата Македонска Дијапора (ОМД), водечката невладина непартиска организација на Македонците во дијаспората, оствари средба со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во амбасадата во Вашингтон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
ОМД ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни промени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија и последиците кои доаѓаат со тие измени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени.
ОМД и Премиерот Ковачевски имаа отворена дискусија околу унапредување на односите со дијаспората – најголемиот промотор и амбасадор на Македонија ширум светот. ОМД побара дигитилизација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи.
ОМД го поздрави стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД. ОМД активно се залага за потпишување на договор помеѓу Македонија и САД против двојно оданучување, како и за тоа Македонија да стане дел од листата на земји со безвизен режим. ОМД изрази благодарност за отворената врата на Амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат 37.”