Centar.mk
ЛОКАЛНО

Оддржан првиот буџетски форум во Битола – граѓаните ги посочија приоритетните проекти

Со цел да се креира општинскиот буџет со приоритетните проекти на граѓаните, истовремено транспарентно да се распоредува со нивна вклученост, денес се одржа првиот буџетски форум сесија од предвидените четири.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека овој начин на распоредување на буџетот и натаму останува приоритет во работењето на општинската администрација.

„Заедно со Вас граѓаните, реализиравме голем број на проекти во изминатите четири години, а така ќе биде и во наредните четири. Повторно дел од Вашите идеи ќе бидат реализирани, а Вашите размислувања се дел од создавањето на заедничката успешна приказна за уште поголем развој на нашата општина“, истакна Коњановски.
Покрај раководителите од општинската администрација, присуствуваа и претставниците на месните и урбаните заедници, невладиниот сектор, битолскиот Универзитет и сите граѓани кои активно сакаат да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет.

На денешната прва форумска сесија, беа дефинирани програмите, во кои на следните две сесии ќе бидат разработени конкретни предлози, за кои учесниците ќе гласаат на последната, четврта форумска сесија. На овој начин се овозможува и партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК