Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишник од Тетово со иницилијали Б.М.(37) за бегството од Идризово во јануари.
МВР бара тој да одговара за две дела, односно „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“.
Случајот ја разбранува јавноста пред пет месеци, кога припадник на затворската полиција беше ранет, а затвореникот избега за врееме на спровод од затворот до болницата.
Тогаш беше соопштено дека станува збор за затвореник со висок безбедносен ризик.
„На автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил. Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал“, соопшти МВР.