Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Закани кон функционер со фотографија од оружје – битолчани завршија во полициска станица

Двајца битолчани завршија во полициска станица поради закани кон функционер преку социјална мрежа.

„Денес (04.05.2023), во Полициската станица Битола бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил фотографија со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и кажал дека оружјето е на Р.С..“, објави МВР.

Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ДИРЕКТНИ ЗАКАНИ ЗА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА – АВМУ бара институциите да реагираат

ДЕСК

Лефков: Црните сценарија на СДС нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

ДЕСК