Фејсбук статус на Оливер Спасовски:
#СДСМ никогаш нема да се откаже од иднината! – беше една од главните пораки на средбите во Берово, во селото Ратево.
Заедно надминавме две глобални кризи, здравствена и енергетска.
Помош и поддршка имаше за сите категории граѓани.
На локално ниво беровчани го имаат најдобриот градоначалник во историјата на градот со решени сите локални и регионални патишта, чист и прекрасен град кој прераснува во туристички центар, ниедно село, ниедно населено место не е заборавено и од него.
Горд сум што го реконструиравме и ОВР Берово, придонесовме до зголемена безбедност на беровчани!
Од другата страна ВМРО и Левица немаат план, само бараат предвремени избори за да дојдат до власт.
Видовме што се случува во општините кадешто локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
За 1 година нема ниту еден нов реализиран проект, само гизадолжуваат општините, граѓаните, а не работат ништо. Видовме што се случи и во Скопје, откако го зазедоа градот со нивната градоначалничка – имаме целосен колапс и тотален хаос, тие меѓусебно се борат за тендери и раце во медот а граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат и да страдаат.
Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна.
Ние обезбедивме неколкупати поголеми плати и пензии од времето на ВМРО -ДПМНЕ.
#СДСМ никогаш нема да се откаже од иднината!