Со присуство на родителите, двајцата малолетници кои силуваа и снимаа врсник во Скопје завршија во полициска станица.
За случајот, известен е и Центарот за социјални работи, а ќе биде поднесена пријава до Обвинителството.
Хоророт во полицијата вчера го пријави мајката на жртвата. 39-годишната скопјанка кажала дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
МВР по пријавата објави дека известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во изминатиот период, МВР известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и за врсничко насилство.