Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ:
Владата предводена од СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите земјоделци.
На сметките на речици 16.000 тутунопроизводители исплатени се рекордни 26 милиони евра субвенции.
Како и досега износот на субвенции беше скалест односно 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун во откупните претпријатија.
Дури 80 отсто од откупениот тутун е од првата класа што е доказ за квалитетот на последната реколта.
Оваа година имаме и историски најуспешен откуп кој помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.
Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.
За реколтата 2022 година беа склучени 29.429 договори што е за околу 6 отсто повеќе од минатата година кога биле склучени 27.712 договори.
За оваа реколта, реколтата 2023та, бројот на склучени договори е зголемен на 30.610 договори што покажува дека се зголемува интересот за одгледување на оваа земјоделска култура.
Почитувани,
СДСМ како одговорна партија продолжува да ги поддржува земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни за да се подготват за новата производствена сезона.
Продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани.