24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Талевски: Пипците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ се уште се инсталирани во судството

СДСМ не се меша во судската власт и таа власт и по закон и по Устав е независна, кажа пратеникот Миле Талевски во гостувањето на Алсат телевизија.

-Не смееме ние како политичари да се мешаме, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ коишто во 12-годишното режимско владеење го запоседна судството и влијаеше врз судски процеси. Се нарачуваа судски процеси од тефтерчиња. Тој процес очигледно се уште не е напуштен, но она што е факт за случувањата од овие два дена треба да си даде одговор конкретната институција. Ова што се случува секако дека рефлектира врз перцепцијата што граѓаните ја имаат за судството, кажа Талевски.

Според него, тоа е недопустливо и недозволиво.

-Апелирам одговор да си даде институцијата, но повторувам дека како политичари не смееме да се мешаме во судската власт, таа е трета независна власт и тука не треба да се повтори истата грешка како она што го правеше ВМРО-ДПМНЕ 12 години и како ги компромитираше судските процеси. Очигледно пипците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ се уште се инсталирани во судството, истакна пратеникот.

Тој додаде дека токму мешањето на политичарите во судството во минатото довело до ниската доверба кај граѓаните.