На 26.04.2023 во 12.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, на Е.Д.(67) од Кичево му се слошило додека управувал електричен мотоцикл без регистарски ознаки, по што паднал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.