22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од иднината!

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

#СДСМ никогаш нема да се откаже од иднината! – ова го порачав пред граѓаните на Прилеп.

И во Прилеп го реконструиравме Одделението за внатрешни работи, покажавме како се подобрува ефикасноста на полициските служби, со тоа и безбедноста на граѓаните тука.

Така работиме и во другите области, да ги промениме работите во правосудството, да се одблокира патот кон Европа, и уште еднаш национализмот и лажниот патриотизам да бидат победени!

Ние продолжуваме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца – да создадеме европска Македонија.