Како дел од караванот теренски активности „Рамо до рамо, до победа“ денеска потпретседателот Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска беше меѓу граѓаните на општината Зелениково.
Успешно се справивме со глобалната криза, го поддржавме стандардот на граѓаните, но и компаниите. Не дозволивме да има рестрикции на струја, ниту нешто да недостасува. Го одржавме енергетскиот систем стабилен и обезбедивме социјална правда и правичност, рече потпретседателот Битиќи на маалска средба во Зелениково.
-Оваа зима за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во Северна Македонија, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети. Дотолку повеќе, стабилниот енергетски систем отвори можност да се разгледа опцијата за враќање на дневната евтина тарифа, рече потпретседателот Битиќи.
И во време на светска економска криза покажавме дека преку успешни политики покажавме дека можеме да градиме стабилна и развојна економија, атрактивна за странските компании, додаде Битиќи
-Имаме рекорден износ на странски инвестиции, се отвораат добро платени работни места и нашите работници веќе не се претставуваат како евтина работна сила, како што тоа беше во некои други времиња. Помина времето кога нашите работници работеа за осум или девет илјади денари плата, денес минималната плата е 20.175 денари, што придонесува за раст на сите плати во државата. 205 милиони евра влегуваат во нашата држава само од една инвестиција и тоа е показател дека нашата економија веќе е атрактивна и за реномирани светски компании. Владините економски политики создаваат доверба кај компаниите и ги стимулираат во влегување во нови инвестициски циклуси насочени кон технолошки развој, внесување на иновативни и дигитални компоненти во производствени процеси, порача Битиќи.