Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Возачи возеле 70 км на час над дозволеното: Рекордни 820 казни за брзо возење за само 6 часа

Вчера во периодот од 11.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

Од нив 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА: Студот полека доаѓа, синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК