26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
.ЛОКАЛНО

Постојат реални шанси децата на нашите деца да го посетат Луна паркот во 2053 година, реагираат граѓаните

И по 18 месеци од мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, градот не само што не стана модерен туку се наоѓа во сообраќаен хаос во кој најмногу страдаат граѓаните чекајќи со часови на автобуските станици.

Кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ имаше програма„ За модерно Скопје“, а во неа клучен дел се 15 +1 ветување односно 16 те најважни проекти кои Арсовска и најмногу ги рекламираше за време на кампањата.

Арсовска вети бесплатен превоз, набавка на 250 нови еколошки автобуси, пет нови мега паркови…

Далеку од реализација се и петте нови булевари, а ги нема ниту зелените коридори на реката Лепенец и Серава што Арсовска исто така ги ветуваше пред изборите.

И по еден месец откако таа најави дека се добиени сите документи за реализација на проектот за „Луна паркот“ и дека ќе се отпочне постапката на тоа да се обезбедат дополнително бројот на реквизити, расчистување на теренот и поставување на постаментите и изградба на сето она кое што како инфраструктура треба да биде обезбедено за предмонтажата на реквизитите, во реалноста сликата на „Луна паркот“ е како од хорор филм.

На терен нема ни „р“ од реквизити, ниту пак е почнато некаков расчистување на теренот.

„Планираме брзо опремување на централниот Луна парк во Градскиот парк со бројни содржини (ролеркостери, вртелешки, тобогани, 7Д кино, картинг). Луна паркот ќе го отвориме уште во првата половина на мандатот“ стои во Програмата на Арсовска, но денес Луна паркот во Скопје е во статус кво состојба.

На ова реагираат граѓаните на социјалните мрежи, посочувајќи дека и овој проект како и сите нејзини останати или нема да се реализира или пак ќе се чекаат долги години додека Луна паркот блесне во ново светло.

– Состојбата на терен покажува дека постојат реални шанси нашите деца да го посетат со нивните деца некаде во 2053. Не простувам за Луна Паркот, реагираат граѓаните.

С.Т.

извор Градска