16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски за Рамазан Бајрам: Преку меѓусебна почит и разбирање градиме еднакво општество

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот и на Муфтиствата, како и до сите верници од исламска вероисповед, кои празнуваат.

„Упатувам искрени желби за мир, радост и благосостојба до секого и во сечиј дом. Празниците се денови кога членовите на семејствата, соседите, пријателите се заедно и споделуваат меѓусебна почит, разбирање, солидарност.

Токму на овие вредности, ние заедно го градиме и нашето еднакво општество за сите граѓани, промовирајќи ја мултикултурата како функционална придобивка и со оваа посебност ја интегрираме државата во европското семејство на народи и држави.

Во време на безбедносни и економски предизвици на европскиот континент, Република Северна Македонија е корисен, уникатен пример, за негувањето и развојот на различните традиции, вери, заедници.

Преку заедничките определби, со искрените пријателства, да продолжиме да поставуваме нови темели во меѓусебните односи.

Честит Рамазан Бајрам!“, порача во телеграмата за празникот, до поглаварот хаџи Шаќир ефенди Фетаи, премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК