Centar.mk
ЛОКАЛНО

Бесплатен паркинг за време на празникот Рамазан-бајрам

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

„Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часо“т, велат од Градски паркинг.

Јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“ им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК

ПРАЗНИЧЕН БОНУС ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: Градоначалникот ја соопшти убавата вест

ДЕСК

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

ДЕСК