7.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Делови од Скопје без вода за пиење

Поради планирани технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, денеска без водоснабдување ќе останат следните корисници:

– поради реконструкција на водоводната мрежа на улицата Трета македонска бригада, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Трета македонска бригада и старата амбуланта „Пролеќе“ (општина Центар) од 9 ч до завршување на интервенцијата;

– поради промена на затворач ф 50 мм на улицата Павел Шатев бр. 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Павел Шатев (општина Кисела Вода) од 9 ч до завршување на интервенцијата и

– поради водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Козле бр. 21 б, прекинато водоснабдување од 10 ч ќе имаат корисниците од улицата Козле од бр. 1 до бр. 55 до завршување на интервенцијата.

Спонзорирано: