Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Кој ја спонзорира хистеријата против Бехтел и Енка и дали причината е затоа што се работи за американска компанија?

Дел од опозицијата која често е анти-американски настроена е главната тупаница на хистеријата и кампањата против американско-турскиот конзурциум Бехтел и Енка, кој ќе ги гради новите автопатишта од коридорот 8 и 10.

Но, несомнено се работи за добро смислена и организирана кампања во која се вклучени политичари, невладини организации, политички партии и медиуми кои имаат задача да го срушат кредибилитетот на американската компанија.

Од СДСМ денеска излегоа со обвинување до опозицијата дека скандалозно и неодговорно опозицијата да ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција.

Изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д е историски најголема инвестиција во патната инфраструктурата, нешто за што се зборуваше со децении, денес се реализира и тоа е во интерес на граѓаните и државата.“ – велат од СДСМ.

Утре во Собранието треба да продолжат комисиите за труд и социјална политика и за економски прашања, каде се разгледуваат Законот за работни односи кој доби 1.117 амандмани, како и Законот за минерални суровини, два од осумте кои пратениците ги предложија, а кои произлегуваат од Договорот кој државата го потпиша со „Бехтел и Енка“, како барања на фирмата за завршување на изградбата во рокот од пет години.

Моментумот на нападот врз американската компанија, доаѓа и во време кога се очекува САД да ја обелоденат црната листа во која се очекува да бидат вклучени македонски бизнисмени и политичари поврзани со корупција, а би можело да следуваат и санкции за нив, нивните компании и семејства.

Коридорот 8 и коридорот 10-Д ги гради американскиот ’Бехтел‘ во конзорциум со ’Енка‘.

Тоа ќе биде најголем инвестициски и инфраструктурен проект во државата од нејзиното осамостојување вредна повеќе од милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

Голема хуманитарна прослава за вториот роденден на Diamond Mall

ДЕСК

Значителен раст на синдикалната кошничка – За да се прехрани едно семејство потребни се 65.544 денари, а доколку се користи и стан под кирија сумата е фрапантна

ДЕСК

Добра вест: Поевтинуваат горивата

ДЕСК