25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Радев: Најмалку десетпати го поканив Пендаровски да ја посети Бугарија

Претседателот Румен Радев ја коментира изјавата на својот македонски колега Стево Пендаровски дека недостига дијалог меѓу двете земји.

Радев тврди дека во изминатите 10 години најмалку десетпати го поканил Пендаровски да ја посети Бугарија.

„Ја разбирам болката на претседателот на РСМ што јас бев личноста што пред 2 години прв го постави проблемот со правата на македонските Бугари пред своите европски колеги и европските институции. Вклучувањето на македонските Бугари во Уставот станува задолжителен услов за почеток на преговорите и се надевам дека претседателот на РСМ ќе сфати дека ова е да ѝ помогне на својата земја, да раскине со идеологиите на тоталитарното минато и да се пресели кон демократизација на државата. Моите врати се секогаш отворени за него“, рече Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Пендаровски претходно рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев.

„За танго треба двајца“, рече македонскиот претседател и додаде дека изминативе две години Бугарија имаше серија провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на Унијата.