Заедно со пратениците од Собранието, Дирекцијата за управување со матични книги, невладини и меѓународни организации, (ОБСЕ и УНХЦР), претставници на Советот на Европа и претставници на други институции, успешно ја завршивме дводневната работилница, каде составивме предлог за измена и конечно дополнување на законот за лицата кои не се евидентирани во матичната книга на родените. Ова го соопштија од Министерството за правда.
„Овие законски измени се усогласени и договорени со сите субјекти и ќе бидат проследени на понатамошна постапка до Собранието на Република Северна Македонија. Со одобрувањето на овој закон, Северна Македонија прави многу важен чекор во својот европски пат и станува првата земја во Европа што наоѓа решеније за овој долгогодишен проблем на неевидентираните лица“, велат оттаму.
Според нив, подготовката на законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родени е пример за решеноста на Министерството да помогнеме на оваа категорија на лица.
„Целта на законот е неевидентираните лица да се евидентираат во посебна Матична книга e заради добивање на извод и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, социјална, здравствена заштита. Очекуваме законските измени наскоро да ја поминат собраниската процедура и да се усвојат“, додаваат од Министерството.