25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Новоизбраната уставна судијка Елизабета Дуковска денеска почна со работа

Денеска во Уставниот суд со работа почна новоизбраната судијка Елизабета Дуковска. Утрово беше примена од претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, доби работен материјал за седницата која ќе се одржи на 12 април 2023 година. Дуковска се запозна и со вработените во службата на Уставниот суд и во следниот период ќе добие предмети за работа кои ќе ги води како судија-известител.

Мандатот на судијката Елизабета Дуковска во Уставниот суд е девет години.