Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата помина во конструктивна атмосфера.
Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и иницијативата за нов Изборен Законик.
Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите за нивно побрзо усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира.