Доцна синоќа, околу 22.35 часот, во Блок 77 во Тетово, приведен е 23-годишниот Ј. А. од тетовско Селце.
„Ј. А. бил пријавен од малолетник од тетовско Јажинце дека заедно со уште едно друго лице физички го нападнале и го внеле во патничко моторно возило ‘бмв’, со тетовски регистарски ознаки“, соопшти СВР Тетово.
Според пријавеното, малолетникот искористил можност и избегал од возилото. Се расчистува и документира случајот.