Утре РКЕ ќе одлучува за нови цени на горивата.
На светските берзи забележано е зголемување на цените на нафтата, па така на лондонската берза еден барел чини над 85 долари.
Во моментов, горивата се продаваат на следниве цени: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 по цена од 83,00 денари по литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 по цена од 85,00 денари по литар и дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) по цена од 72,00 денари по литар.
Иако новите цени на горивата ќе бидат објавени утре, сè уште не е познато колку ќе се зголемат.