На 08.04.2023 во 02.15 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници ги привеле А.П.(31), Х.Ш.(32), Д.Ј.(28) и И.Д.(28), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.04.2023 во 19.10 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници го привеле С.К.(41) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.04.2023 во 11.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле А.Н.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон негова сосетка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.