Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво.

Со новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, имаме план за насочување на политиките на државата со цел заеднички да ги надминеме децениските проблеми.

Учеството на ромската заедница во сите општествени, културни и политички текови е нужно за градење праведно, демократско и мултиетничко општество. Сите ние, а особено носителите на функции, имаме генерациска одговорност да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво.

Нека ни е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК