13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски оди на одмор, па ќе остане во ЕСМ како вработен: Сакам да им се посветам на моите деца

Васко Ковачевски ќе остане во ЕСМ како вработен иако заминува од директорската позиција. Посочи дека сака да им се посвети на семејството и на децата. Првин тој најави дека ќе користи 20 дена одмор.

„За ваша и за информација на граѓаните, јас сум вработен во АД ЕСМ, покрај тоа што бев претседател на управниот одбор и генерален директор. Првин ќе го земам одморот од 20 дена, кој ми следува, потоа по процена на новиот менаџмент на ЕСМ, ќе видиме каде ќе биде моето место во компанијата. Јас сакам да им се посветам на семејството и моите две деца, кои имаат потреба од мене за дообразование, иден раст и развој“, рече Ковачевски.

Беше прашан и дали успешно или неуспешно раководел со ЕСМ.

„Процената за нашето работење го врши надзорниот одбор, Владата, премиерот, економските министри. Најважно е мислењето на граѓаните, на јавноста. Убеден сум дека успешно како држава и компанија ја менаџиравме кризата“, додаде Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +