Фејсбук стутус на министерот за внатрешни Оливер Спасовски:
Регионот нема друга алтернатива, освен европската – земјите од регионот мора заеднички да работат за да стигнат до целта на заедничкиот пат. Политиките кои се спроведуваат неопходно е да ги донесат европските вредности како дел од општеството, а за тоа се потребни реформи, но не во смисла само на промена на законодавството, туку првенствено како реформа на размислувањето, реформа на умот.
Сѐ зависи од нас самите. Потребна е посветеност и потребна е волја!
Во 90-те да имаше малку повеќе храброст – бидејќи мудрост имаше – имајќи предвид колку бевме напред во тој период, одамна ќе бевме и дел од НАТО, а можеби и дел од Европската Унија.
Целта на регионалната иницијатива Отворен Балкан е подобар однос меѓу земјите од регионот, поради што е поддржана поддеднакво и од ЕУ и од САД. Но, Отворен Балкан во никој случај не е алтернатива за ЕУ, која претставува наш национален интерес. Нема отстапувања од патот кон европското семејство, но додека чекаме, мораме да си помогнеме регионално. Да овозможиме нашите луѓе, производите, услугите да се движат слободно. Да ја користиме работната сила без пречки, признавање на дипломите… Деновиве, на еден од најголемите саеми во Италија имавме заеднички настап како Отворен Балкан. И тоа е целта – да си помогнеме самите себе на патот кон ЕУ, да создадеме подобар живот за нашите граѓани.