Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

443 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (04.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 443 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 222 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 221 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите

ДЕСК

Митрески: Интерпелацијата нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот

ДЕСК

Две лица завршија во болница – Пожар во Бучинци

ДЕСК