28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Над 2 милијарди евра во инфраструктурни проекти

Вчерашниот ден го означи почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја кој ќе придонесе за отворање работни места, развој на домашните компании, економски развој и подобрување на квалитетот на животот.

Демократската унија за интеграција смета дека проектите како Коридорот 8 и 10-Д, автопатот Скопје – Блаце, автопатот Кичево – Букојчани и патот Бошков Мост – Извор, кои севкупно достигнуваат вредност од над 2 милијарди евра, претставуваат најголем и најамбициозен поттик во историјата на нашата земја.

По реализацијата и имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот Договор, членството во НАТО, почетокот на преговорите за членство во ЕУ, ДУИ е фокусирана во економскиот и инфраструктурниот развој на нашата земја заедно и со продолжувањето на нашето европско патување.

Овие проекти ќе овозможат отворање на нови работни места, ангажман на сите домашни компании и нивен развој, како и ќе имаат позитивни странични влијанија за економијата на државата, со што квалитетот на животот ќе се доближи до европските стандарди.