Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во официјална посета на Македонија.
Во делегацијата заедно со Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор, како и амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ.
Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.
Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.
Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, Пленковиќ на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.
Двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски, ќе одржат заедничка прес-конференција