22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Столтенберг: НАТО ја помага Северна Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите

„НАТО е тука да ги помага и поддржува сојузниците и сега даваме помош и поддршка на Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер напади“ изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи.

Тој додаде дека при посетата на Скопје на тимот на Алијансата биле договорени низа на чекори со Владата на Северна Македонија за справување со ваквите закани.

„Овие чекори се и краткорочни и долгорочни, што НАТО и сојузниците ги преземаат за да ја поддржат Северна Македонија во бранењето против хибридните кампањи со кои се соочува“ рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка на земјава, како и засилена соработка за борбата со дезинформациите.

„Сакам да ја пофалам Владата на Северна Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече Столтенберг.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК