24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Официјално: Потврдена зараза со морбили кај 13-месечното дете од Свети Николе

Потврдувањето на заразата со морбили кај 13-месечното дете од Свети Николе е првиот случај во земјава во последните неколку години.

Инфекцијата беше потврдена и од страна на Комисијата за заразни болести, откако детето со симптоми беше хоспитализирано во Клиничката болница во Штип, но е во добра состојба.

Утре ќе се одржи состанок на Комисијата за заразни болести за да се преземат мерки за спречување на ширењето на вирусот кој е многу заразен.

Последниот пат кога имаше епидемија на морбили во земјава беше во декември 2018 година, а од 2019 година немаше регистрирано ниту еден случај.