Доцна синоќа во полиција било пријавено изчезнување на 12 – годишно девојче. Нејзиниот родител 38-годишниот Е.А. на социјалните мрежи објави дека девојчето се вика Аниса Ајро од Општина Гази Баба и дека исчезнала вчера рано изутрина одејќи на пат кон нејзиното училиште OУ Лирија во Општина Чаир.
„Ако било кој ја види веднаш да повика полиција, да ја задржи! Нека ми се јават и мене на 072 232 983“ – апелира таткото.
Во полицискиот билтен се вели дека на 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), но во истиот извештај пишува дека околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад.
„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, соопшти МВР.