Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, кажа дека економиите секогаш се во зависност од добрата инфраструкутра во поширока смисла на зборот, која во сите земји од регионот била целосно запоставена и со ниски стапки на инвестирање во периодот на транзиција, но сега е висок приоритет на целиот регион кој од година во година се поинтензивно инвестира во сопствената инфраструктура и модернизација на патишта, железници, енергетски капацитети итн.
-Тука неминовно ќе го спомнам проектот кој нашата Влада ќе го имплементира со кој во наредните 4,5 години Северна Македонија целосно ќе ги комплетира пан-европските автопатски коридори кои поминуваат низ нашата земја: Коридорот 8 со кој добиваме излез на пристаништата во Бургас и Драч, како и Коридорот 10Д со кој добиваме подобра поврзаност со нашиот јужен сосед Грција. Голем е интересот и потребата за создавањето на заеднички пазар на труд, иницијатива која веќе се реализира помеѓу земјите од Опен Балкан, но која во секое време е отворена и за останатите земји од регионот. Постојано добиваме повици од стопанските комори и фирмите од трите држави, се интересираат како ќе се спроведува мерката. Најзаинтересирани се компаниите во ИТ секторот, туризмот и приватното здравство, како и одредени угостителски гранки, градежништво, преработувачка индустрија кои со ова ќе можат да привлечат работо-способна работна сила и да отворат нови работни места, истакна Битиќи.